Најголема награда за еден наставник е да гледа како еден ученик расте со знање, самодоверба и храброст да ги остварува своите соништа.
Трајче покажа дека кога знаењето ќе се спои со упорноста и љубовта кон она што се работи, граници не постојат.
Освоените награда на Олимпијадата по геонауки се успех кој не се мери само со медал или признание. Зад овој успех стојат многу труд, знаење, љубопитност, истрајност и верба во себе .
На меѓународната сцена ученикот Трајче Шатков не го претставуваше само своето знаење туку и нашето училиште, Гимназија „Добри Даскалов” и нашата држава и покажа дека со посветеноста и храброста може да се стигне многу далеку – дури и до светската сцена.
Трајче, ова нека биде само почеток на едно прекрасно патување. Светот е пред тебе, а твојата љубопитност нека биде твој компас. Следи ги своите соништа и храбро освојувај уште многу врвови!
Од срце ти честитам!
Проф. по географија
Валентина Димитрова
Честитки и до останатите ученици од македонскиот тим (Стефанија Димовска од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола, Борче Кузманоски, СОУ „Цар Самоил“, Ресен
Никола Здравески од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп)
и секако голема благодарност и признание до менторите кои го предводеа тимот д-р Горан Китевски, вонреден профасор на Институтот за географија при ПМФ и претседател ма Македонското географско друштво и д-р Ивица Милевски, редовен професор на Институтот за географија при ПМФ и експерт по физичка географија.
https://www.facebook.com/share/p/1BhEfJhHdH




