По повод 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кавадарци, во просториите на Црвениот крст се реализираше едукативна работилница посветена на превенцијата од трговијата со луѓе.
На работилницата учествуваа ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, заедно со ученици од другите средни училишта во општината.
Стручно лице ги запозна учениците со поимот, причините, појавните облици и последиците од трговијата со луѓе, како и со начините на превенција и заштита. Посебно внимание беше посветено на препознавањето на ризиците и на значењето на навременото информирање и преземање соодветни мерки.
Преку ваквите активности се придонесува кон подигање на свеста кај младите и нивно информирање за ризиците поврзани со трговијата со луѓе, како една од формите на организиран криминал.
Му благодариме на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Кавадарци за поканата и за реализацијата на оваа значајна едукативна активност.



