Избран е претседател на Ученичкиот совет

Ученичкиот совет во нашето училиште избра претседателство за учебната 2026/2027 година. За оваа функцијата се пријавија тројца ученици: Ивана Секуловска, Ненад Петров и  Ристе Стојанов, сите ученици од четврта година. Кандидатите  се претставија пред членовите на Ученичкиот совет со своите идеи и планови  и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да се пријават за оваа функција.

Гласањето се одвиваше тајно, со што секој ученик имаше можност слободно да го изрази својот избор. На овој начин учениците покажаа одговорност, демократски дух и активно учество во животот на училиштето.

По пребројувањето на гласовите за нов претседател на Ученичкиот совет беше избрана ученичката од четврта година Ивана Секуловска, а за заменик претседател Ристе Стојанов. Претседателот ќе ја претставува ученичката заедница и ќе соработува со наставниците и директорот за унапредување на ученичкиот живот.

Седницата ја водеше Тамара Танчева, а освен членовите на Ученичкиот совет присуствуваа и директорот на училиштето М-р Зоран Милевски, професори и претставници на стручната служба.

Директорот на училиштето на сите кандидатки им честита за храброста и иницијативата, а на новата претседателка ѝ посака успешна работа, многу реализирани идеи и добра соработка.