По повод одбележувањето на „Розов октомври“ – месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, ученички од нашето училиште учествуваа на едукативниот настан „Розева панел дискусија“, организиран од Општина Кавадарци.
Целта на настанот беше подигнување на свеста кај младите девојки за важноста на превенцијата, навремената информираност и грижата за сопственото физичко и ментално здравје.
Во рамки на панел-дискусијата, стручни лица од областа на радиологијата, гинекологијата, психијатријата и физичката активност обработија значајни теми поврзани со женското здравје, превентивните прегледи, промените во адолесценцијата, менталното здравје, самодовербата и важноста на редовната физичка активност.
Преку интерактивен пристап, нашите ученички имаа можност непосредно да комуницираат со стручните лица, да поставуваат прашања, вклучително и анонимно, и да добијат корисни информации и практични совети за зачувување и унапредување на сопственото здравје.
Учеството на овој настан претставуваше можност за стекнување нови знаења, размена на искуства и поттикнување на свеста за значењето на превентивната грижа и здравите животни навики.
Бидејќи грижата за сопственото здравје започнува со знаење, информираност и навремена превенција!





