Официјално отворена реконструираната спортска сала во Гимназијата „Добри Даскалов“

Учениците на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ добија современ и целосно реновиран простор за спорт, рекреација и спортски натпревари. Со пригодна свеченост денес беше официјално отворена реконструираната спортска сала, која претставува значајно подобрување на условите за работа и реализација на спортските активности во училиштето.

Оваа инвестиција е целосно реализирана од Општина Кавадарци, со што уште еднаш се потврдува посветеноста на локалната самоуправа кон подобрување на образовната и спортската инфраструктура и создавање подобри услови за младите.

Во своето обраќање, директорот на училиштето, м-р Зоран Милевски, изрази искрена благодарност до градоначалникот д-р Митко Јанчев и Општина Кавадарци за поддршката и реализацијата на овој значаен проект, како и до сите изведувачи кои учествуваа во реконструкцијата.

Новата спортска сала ќе им овозможи на учениците поквалитетни услови за реализација на наставата по спорт и спортски активности, работа на спортските секции, одржување натпревари и училишни манифестации.

Покрај подобрените просторни услови, салата претставува и место каде што младите ќе ги развиваат спортскиот дух, дисциплината, тимската работа, меѓусебната почит и истрајноста – вредности кои се важен дел од нивното образование и личниот развој.

Оваа сала е пред сè простор на нашите ученици – место за нови спортски предизвици, победи, дружење и создавање идни спортски шампиони.

Гимназијата „Добри Даскалов“ упатува голема благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот д-р Митко Јанчев за вложувањето и континуираната поддршка во создавањето подобри услови за образование и развој на младите.