Професори и ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“ учествуваа на четвртата работилница од Еразмус+ проектот „Програма за проучување на културното наследство на земјите” во периодот од 17 до 21 февруари 2020 година во Азорес, Португалија. Проектот HELP – Heritage Education Learning Program е во рамките на програмата Еразмус+ стратегиско партнерство со рок на реализација од 2 години.
Оваа четврта мобилност и средба се реализира кај партнер училиштето Escola Secundária da Ribeira Grande од Ribeira Grande, Португалија. Во проектот учествува како партнер нашето училиште, училиштето Agrupamento de Escolas Camilo Castelo Branco од Nova de Famalicão, Португалија и училиштето Galatasaray Lisesi од Истанбул, Турција.
На размената учествуваа учениците Росана Камчева II-3, Томе Тефов II-4, Билјана Велкова IV-4 и Драги Вчков IV-2, заедно со директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова, проф. по латински јазик Христина Косовска, проф. по историја Наташа Матакова и проф. по информатика м-р Зоран Милевски.
Целта на проектот е проучување и проширување на знаењата за културните наследства на земјите со акцент на креирање на презентации, видеа и останати содржини за промоција на културните наследства.
Темата на работилницата беше „Силата на водата, извор на енергија“. Според програмата и агендата на работилницата, учесниците презентираа презентации за домашното културно наследство и ги посетија Lagoa do Fogo Geothermal Power Plant, Salto do Cabrito Hydro Power Plant, Caldeira Velha Envirnmental Interpretive Centre, Portas da Cidade, Carlos Machado Museum, Furnas Pargue Terra Nostra, Gorreana Tea Factory и градот Ponta Delgada.