Учество на финалниот натпревар CodeCup 2017
Објавено на: 15.03.2017
На ден 11.03.2017 година (сабота) во просториите на Универзитетот Св.„Климент Охридски“- Битола во Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола по втор пат се одржа финалниот настан од натпреварот CodeCup 2017- натпревар во програмирање на апликации наменет за средношколци од Република Македонија.
По предходно извршената презентација од претставници од факултетот во нашето училиште интересот кај учениците беше голем и за истиот се пријавија неколку групи (тимови) од ученици. Учениците можеа да изработат корисничка апликација која може да биде веб страна, игра, едукативна апликација, мобилна апликација или било каква друга апликација. На финалниот настан во Битола од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци учество зедоа 5 тимови од ученици кои преку свои презентации ги покажаав нивните предходно изработени проекти. Имено на натпреварот учество зедоа учениците: Душко Петровски, Иван Јосифовски и Јо рдан Мицковски од четврта година и Зоран Блажевиќ, Трајче Павлов, Лазар Николов, Филип Ќимов, Милан Ангелов, Игнат Мојсов и Кристијан Ѓелов – ученици од втора година под менторство на проф. Благородна Лазова. Сите учениците успешно се претставија со апликации за видео игри и веб страни и истите ги проширија и разменија своите знаења, идеи и искуства во изработката на проекти од овој тип.