Ученици и професори од Curt Nikolin повторно во посета на Македонија


Објавено на: 22.04.2017

Од 19-25 април ученици и професори од гимназијата Curt Nikolin од Шведска повторно дојдоа во Македонија! Овие ученици и покрај тоа што имаа можност да изберат посета на повеќе европски земји, сепак се одлучија за посета на Македонија и гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци! Убавите импресии од престојот во Кавадарци на учениците кои претходно престојуваа, заедничкото работење на проекти со постојана дружба со кавадаречките гимназијалци, природните убавини на Македонија се причина што шведските ученици избраа Кавадарци да биде нивна дестинација и се денес повторно меѓу нас.

18083905 10158635651190370 496107130 o

18053279 10158635657720370 806370598 o

По топлото добредојде во просториите на СОУ Гимназија Добри Даскалов од страна на директорката Невенка Поп-Ангелова , шведските ученици и кавадаречките гимназијалци се упатија на градскиот стадион каде заеднички го поминаа денот во игра. Професорите од Финсбанк реквизитите од играта ги оставија на користење на кавадаречките гимназијалци. Блаже Велков проф по спорт и спортски активности се заблагодари на доделените реквизити и ќе настојува повремено да ги искористи и да ги запознае нашите ученици со традиционални шведски игри. Ова претставува инспирација да се продолжи да се истражува и запознава со нови традиционални игри од други земји.

18110370 10158635656325370 1399573044 o

18043118 10158635649000370 978704356 o