Дебата на тема „ Семејството го создава насилникот“

На 17 април 2024 година (среда), со почеток во 12.30 часот во  СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, а во организација на Ученичкиот парламент  се одржа дебата на тема „Семејството го создава насилникот“. Преку борба со зборови учениците имаа можност да ги изнесат своите ставови поткрепени со аргументи и да ги убедат присутните во нивното излагање. Беа изнесени примери, лични и општествени, преку кои се отвори бурна дискусија која ги наведе присутните на конструктивна дебата за една актуелна тема која ги засега сите во општеството.Исправени пред тезата дали само семејството го создава ликот на насилникот или вклучени се повеќе фактори учениците дебатираа поделени во два тима. Учениците Александар Стојков, Данка Стојкова, Тијана Мајстрочева и Ана Лазаровска како дел од  тимот А,го бранеа ставот „ДА“,наспроти тимот Б во кој учествуваа учениците Милица Коцева,Гордана Клинчарова,Давид Кујунџиќ и Васил Трајков ,а го застапуваа ставот „НЕ“. Публиката составена од ученици и професори преку гласање во три круга победата му ја додели на тимот А кој го застапуваше ставот „ДА“. Улогата на водители на дебатата оваа година им припадна на Методи Јованчев и Ангела Каровска, а дебатата  беше реализирана со поддршка и  менторство на професорките Васка Петкова и Наташа Матакова.