Во периодот од 1 до 7 октомври 2017 год. се реализираше првата Erasmus+ работилница во Германија со партнерите на нашето училиште во рамките на проектот DIGITeachEUrope – developing digital learning environments for schools in Europe. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа директорката Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска, проф. по латински јазик и Зоран Милевски – проф. по информатика.
Ludwig-Windthorst-Haus (LWH) во Линген, Германија беше локацијата каде што се реализираше средбата и запознавањето со партнерите од Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Lingen, Germany, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Germany, PJG PITAGORA, Split, Croatia и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Poland.
На официјалното отворање на проектот сите присутни беа поздравени од директорот на LWHDr. Michael Reitmeyer, Petra Lübbers од одделот за образование во Линген и Heinz Tellmann градоначалникот на Линген.
Најпрво беа споделени искуствата на сите партнери во учество на претходни проекти, беше разговарано и за целта која што треба да ја постигнат сите партнери во текот на следните три години за времетраењето на проектот.
Видео презентации беа презентирани од сите партнери. Видео презентацијата од нашата гимназија можете да ја погледнете на следниот линк.
Првата работилница беше предводена од професори од средното училиште Clara-Schumann-Gymnasium od Dülken. Презентиран беше моделот SAMR – Substitution, Augmentation, Modification and Redefinition, кој што се користи за мерење на нивото на интеграција на технологијата во средината за учење.
Практично беше реализирана и работилницата за 4 Cs од моделот за учење во 21 век – Critical thinking, communication, collaboration and creativity. Покрај тоа се стави акцент и на начинот на учење, базиран на креирање на видео содржини. За овие работилници беа ангажирани експерти од Германија.
Една од важните чекори за подобрување на процесот на учење е добивањето на повратна информација од учениците, па поради тоа беа презентирани и алатки кои што можат да ги користат наставниците во процесот на едукација.
Дигитална мултимедија и ефективно предавање и учење беа дел од темите на кои што се разговараше и како многу важен концепт беше претставен и концептот на Prof. Wahl за ефективно предавање и учење.
Во текот на периодот што следува сите партнери, користејќи концепти за ефективно предавање и учење, ќе креираат отворени едукативни ресурси и ќе биде креирана посебна платформа каде што тие ќе се споделуваат. Со тоа ќе се овозможи зголемување и подобрување на материјалите за учење кои што ги користат наставниците на своите часови, а учениците ќе добијат палета на корисни едуктативни содржини, креирани со најнови алатки кои обезбедуваат поголемо усвојување на материјалот со користење на успешни методи и поголема интеракција на учениците во процесот на совладување на едукативни содржини.