Гимназијата Добри Даскалов – партнер во два нови проекти од програмата на Еразмус+


Објавено на: 09.10.2017

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ на овогодинешниот повик на програмата Еразмус+ од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност аплицираше и доби одобрене за два проекта кои ќе бидат имплементирани во училиштето во следните три години. Проектите се DIGITeachEUrope – developing digital learning environments for schools in Europe и RAINBOW – Right Attitude IN Building Our World, а координатор на проектите е Христинка Косовска, проф. по латински јазик.

Проектот DiGiTeachEUrope има главна цел да ги развие дигиталните околини за учење во училиштата во Европа. Со развојот на дигиталното општество се јавува потребата за зголемување на дигитализацијата и критичката рефлексија како важен дел од едукативните задачи и цели на училиштата во иднина. Главен фокус на проектот е обука на професорите да ги подготват учениците за сегашното и идното општество и да ги оспособат активно и одговорно да учествуваат во културниот, општествениот, политичкиот, професионалниот и економскиот сегмент од животот.

Проектот DIGITeachEUrope ги поткрепува иновативните дигитални форми на учење во европските училишта за да го обезбеди и подобри квалитетот на подучувањето со вклучување на можностите на дигиталните содржини и медиуми. Цел на проектот е развивање на соодветни материјали, алатки, апликации и отворени едукативни ресурси што би ги поткрепило наставниците да ги развијат комуникациските вештини, креативност и критичкото размислување кај учениците, како и размена на искуство и добра практика, научни, методолошки/дидактички пристап и влог.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов “ учествува во овој проект како партнер заедно со Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Lingen, Germany, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Germany, PJG PITAGORA, Split, Croatia и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Poland. Проектот започна во септември 2017 и ќе трае три години на кој учествуваат наставници.

Проектот RAINBOW – Right Attitude IN Building Our World има цел обезбедување на правото за квалитетно образование на ученици од училиштата во Европа, вклучувајќи ги и оние во неповолна положба, преку пронаоѓање на наставни планови и програми, како и иновативни стратегии кои ги спојуваат формалните и неформалните методи, применети од добро обучени наставници со тимски дух, во недискриминаторска образовна средина која им овозможува на учениците да ги развијат своите социјални, граѓански, интеркултурни вештини и охрабрува слободоумност во однос на Европска и интернационална соработка. Како цел се јавува и развивањето на критичкото размислување кај учениците, борење против дискриминацијата и сегрегацијата во сите партнерски училишта со развивање кај учениците социјални, граѓански, технолошки и интекултурни вештини преку заеднички активности за времетраењето на проектот, овозможување на пристапот кон образование на ученици во неповолна положба преку спроведување на наставни програми и активности, особено прилагодени на нивните потреби.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов “ учествува во овој проект како партнер заедно со партнерски училишта Liceul Pedagogic Nicolae Iorga, Botoșani, Romania, Ies Bezmiliana, Rincon de la Victoria, Spain, Liceo Scientifico Statale “Michelle Guerrisi”, Cittanova, Italy, Santariskes Consulting Teaching Centre, Vilnius, Lithuania, Kahramanmaras Sosyal Bilimler Lisesi, Onikisubat, Turkey и High School of Economics and Finance “Vasil Levski, Dobrich, Bulgaria. Проектот започна во септември 2017 и ќе трае две години и во него учествуваат ученици и наставници.