По повод на чествувањето, на јубијелното 70 годишно образование, на гимназијата „Добри Даскалов“ активот по општествените науки организира презентација под наслов „Етиката и напредокот во заедниците“. Презентацијата ја реализираат учениците: Дијана Пејовска, Ивана Гогова и Елена Иванова од IV5 под менторство на професорката по филозофија Елизабета Бошкова.
Во почетокот од презентацијата се прикажаа хронолошко-историските факти во кое се согледа поврзаноста на старите држави и нивната економска заостанатост наспроти новите држави со висок економски прогрес. Се претстави причинетост во што се состои тој дискрапантен однос помеѓу староста на државите и нивниот економски пар, а тоа во Етиката како основен принцип, во него како суштина се содржат:
– Интегритетот, одговорноста,
– Почистување на законите и правото,
– Почитување на правото на другите,
– Трудољубивоста
– Порив за штедење и инвестирање
– Воља за акција, чувство за навремено извршување на своите задачи,
– Доблест.
Со изложување на суштиснките карактеристики на наведените вредности презентацијата заврши со мислата на Артур Шопенхауер којагласи „Простодушните луѓе размислуваат како да го потрошат времето, а паметните како да го искористат.“