Финале од лигата на класни првенства


Објавено на: 16.05.2013

Активот по спорт и спортски активности од гимназијата, оваа година, по 13 пат, го одбележа финалето од лигата на класни првенства.

На 14 мај 2013 година (вторник) во спортската сала и на спортските терени во гимназијата се одиграа завршните натпревари во кошарка и фудбал од лигата на класни првенства.

1

 

И оваа година, покровител на настанот е Градоначалникот г-дин Александар Панов и Советот на Општина Кавадарци, коишто ги обезбедија наградите за учесниците во класното првенство, а воедно со нивна финансиска поддршка неодамна беше асфалтирано и игралиштето за фудбал. Училиштето ги обезбеди маиците на сите учесници коишто учествуваа во лигата на класни првенства.

2

И спортската сала и спортските терени беа исполнети со ученици до последното место, а истите ги бодреа натпреварувачите со спортско навивање.

Директорката на училиштето г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, заедно со професорите по спорт и спортски активности, заменик директорот и училиштниот педагог им ги доделија пехарите на капитените на најдобрите екипи.

3

Во финалето во кошарка првото место го освои екипата на II-2 клас, а второто место им припадна на екипата од IV-4 клас.

Во финалето во фудбал првото место го освои екипата на IV-2 клас, второто место го освои екипата на IV-5 клас и третото место им припадна на екипата од III-6 клас.

4

На сите победници и нивните ментори, професорите по спорт и спортски активности Блаже Велков и Блашко Клинчаров, им ги честитаме освоените награди со желба за постигнување на уште повеќе успеси, како во спортот, така и во секојдневниот живот.

Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк