Формиран е Ученичкиот парламент за учебната 2024/2025 година


Објавено на: 10.10.2024

По изборот на класни заедници кој се изврши во текот на месец септември, на ден 09. 10.2024 година (среда) во кино салата на нашето училиште се одржа Првата конститутивна седница на  Ученички парламент во учебната 2024/2025 година.

На Првата конститутивна седница  присутните беа запознати со функцијата и структурата  на Ученичкиот парламент, како и за начинот на избор на претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент.

Седницата ја водеше ученичката Тамара Танчева, а на седницата присуствуваа наставници и членовите на Ученичкиот парламент.