Ученикот Мајкл Георгиевски од трета година се натпреваруваше на 6.Европска Олимпијада по физика и доби пофалница за успешно учество. Овој брилијантен ученик влезе во тимот од 5 ученици кои ја преставуваа нашата држава на овој престижен натпревар. Тој е еден од ретките ученици кој континуирано се стекнува со право да учествува на вакви несекојдневни настани.
Европската Олимпијада по физика се одржа во Љубљана , Словенија од 20.5.2022 до 24 .5.2022 година а нашиот тим се стекна со бронзен медал и две пофалници.
Еве ги и нашите натпреварувачи:
Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ Јахја Кемал Скопје – бронзен медал
Мајкл Георгиевски, ученик во трета година – СОУ Гимназија Добри Даскалов во Кавадарци – пофалница.
Матеј Јовчевски, ученик во четврта година во ПСУ Јахја Кемал Скопје – пофалница
Емилија Николовска, ученичка во втора година во Математичко – информатичка гимназија во Скопје и
Матеј Гелев, ученик во втора година во ПСУ Јахја Кемал во Скопје.
Честитки за наградените ученици, а исто така честитки и за останатите ученици кои достојно ја претставија нашата држава.
За оние кои ја сакаат физиката и имаат желба да решаваат задачи можат да ги погледнат теоретските и експерименталните проблеми кои се работеа на оваа олимпијада.
Воедно имате и линк од официјалната страна на овој настан :
Да му посакаме на Мајкл Георгиевски многу успех во претстојните натпревари по физика!
Линк за преземање на задачите од олимпијадата.