Одржан Државниот натпревар по Биологија


Објавено на: 19.05.2022

На 14.05.2022 година (сабота) на Природно – математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по Биологија. Нашите ученици кои  предходно се пласираа да учествуваат на натпреварот и овој пат покажаа дека се меѓу најдобрите. Секогаш се расположени за натпреварување и учење, водени од една желба и амбиција да покажат колку знаат и да постигнуваат одлични резултати.

Почетна точка на успехот е желбата“ (Наполеон Хил)- мотото кое ги води учениците и менторите кон одлични резултати.

На нашите ученици им се заблагодаруваме за учеството, за трудот, за нивната несебичност, за постигнатите прекрасните резултати и успех и им посакуваме многу успеси понатаму.

 

Име и презиме на ученикот

 

Клас

 

Ментор

 

Награда

Матеа Мукаетова I-5 Елизабета Иговска I

 

Стефанија Сарафимова I-5 Елизабета Иговска I

 

Тодор Пењушков I- 5 Елизабета Иговска II

 

Томе Ѓондев II-3 Богде Коцева II

 

Фросина Настова II-5 Богде Коцева II

 

Ивана Илова II-5 Богде Коцева III

 

Милица Василова IV-3 Богде Коцева Учество