Мајкл Георгиевски ученик од трета година се натпреваруваше на Меѓународната олимпијада по физика (IPhO 2022) и освои пофалница.
Мајкл продолжува со своите успешни учества на натпреварите по физика од меѓународен карактер.
Тој е еден од ретките ученици кој ја изразува својата брилијантност преку овие натпревари.
На Меѓународната олимпијада по физика (10-17 јули, 2022, Швајцарија online) олимпијците од Македонија освоија еден бронзен медал и три пофалници.
Еве го и тимот кој ја преставуваше Македонија:
Емилија Николовска – втора година – Математичко – информатичка гимназија, Скопје (бронзен медал).
Мајкл Георгиевски – трета година – СОУ Гимназија Добри Даскалов, Кавадарци (пофалница).
Матеј Гелев – втора година – ПСУ Јахја Кемал, Скопје (пофалница).
Горазд Блажески – втора година – СОУ Св. Климент Охридски, Охрид (пофалница).
Димитриј Анѓеловски – втора година -ПСУ Американска Гимназија, Скопје (успешно учество).
Да им честитаме на нашите натпреварувачи и да им посакаме и понатаму да бидат успешни !
Честитки за сите а посебно честитки и благодарност за нашата гордост Мајкл Георгиевски!