По повод 22 септември – Светскиот ден без автомобили, учениците од СОУ Гимназија
„Добри Даскалов“ и оваа година го одбележаа денот со рекреативно велосипедско
возење до споменикот „12 Младинци“ во Ваташа.
Околу 150 ученици од сите четири години се приклучија кон оваа активност, исполнета со
дружење, движење и позитивна енергија.
Велосипедското возење започна од училишниот двор и беше реализирано во
организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт, во соработка со Локалната
самоуправа. На активноста присуствуваа и претставници од Секторот за образование
при Локалната самоуправа, давајќи поддршка на иницијативата и на учениците. Со оваа
активност официјално започнаа и предвидените спортски активности во училиштата за
новата учебна година.
Со своето учество, нашите гимназијалци испратија јасна порака за значењето на
физичката активност, здравите животни навики, користењето на велосипедот како
алтернативен начин на транспорт и заедничката грижа за чиста и здрава животна
средина.
Да се движиме, да се дружиме и заедно да придонесуваме за поздрава и почиста
средина!







