Гимназијалците како двигатели на позитивни промени

Ученици од III година во нашето училиште организираа еколошка акција за фарбање на училишните скали. По нивна иницијатива, а со поддршка на директорот на гимназијата м-р Зоран Милевски и проф. по македонски јазик и литература Ристенка Јосифова, тие решија да ги разубават и освежат старите и избледени скали, користејќи еколошки бои и материјали. Акцијата не само што придонесе за подобрување на изгледот на училиштето, туку и покажа колку е важно младите да се вклучат во грижата за својата средина. Учениците со својата креативност и труд ги мотивираат и останатите врсници да преземат позитивни чекори кон подобрување на животната средина.