Годината завршува, но ние ќе ја паметиме по многу убави моменти


Објавено на: 30.12.2013

Уште неколку дена не делат од почетокот на 2014 година.Возбудено ја очекуваме годината што доаѓа верувајќи дека ќе биде исполнета со многу успеси,среќа и убави мигови.На крајот на секоја измината година размислуваме колку беше успешна,дали ги реализиравме сите наши очекувања или можеше и подобро….Кога ги разгледуваме активностите кои беа реализирани во текот на 2013 година во Гимназија„Добри Даскалов“ можеме само да посакаме и наредната година да биде толку полна со успешни настани.Годината започна со многу желби за успешна работа,подадена рака за убав почеток и поттик кај наставниците и учениците да ги реализираат своите проекти.

Hol-nova-godina

Учениците зедоа учество на многу натпревари и освоија награди на државно и меѓународно ниво:Државен натпревар во скијање, натпреварот Наноматеријали-материјали на иднината, Државни натпревари по географија,математика,македонски јазик и литература,француски јазик,образовно рандеву 2013,меѓународни драмски натпревари,олимпијада ,натпревар во шах,спортски натпревари,меѓународен натпревар по аеромоделарство,пинг-понг и др.

Учениците присуствуваа на интересни часови реализирани надвор од училиштето: во храмот „Св. Димитрија“ во Кавадарци, во големата сала на Собранието ,учествуваа во ископување на археолошкиот локалитет Кртозов рид во с.Дреново,во Скопје ги посетија Саемот на книгата и Денови на образованието, во градската библиотека „Феткин“ Кавадарци каде се одржа поетско читање ученици,во училишниот двор одбележувајќи го Денот на пролетта и екологијата.

За учениците посебно беа интересни дебатите организирани во училиштето: „Книгата прозорец кон светот и прозорец кон себе“,во рамките на проектот„Мојата идна професија“ дебата  во која гости беа  м-р Дивна Пешиќ и Васка Леонтиќ, стилист-сопственик на студио и академија Леонтиќ,дебата на тема„Дали сме сами во вселената“и многу други.

Активно учество се бележи и во проекти надвор од училиштето: проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“ во Троген-Швајцарија, снимање и емитување емисија во живо на интернет радио, гостување на ученици со мјузиклот„Во ритамот на љубовта“ во Крагуевац – Р.Србија на отворањето на XVII по ред театарски средби,гостување со истиот мјузикл во Банско и Албена,напреварување со музичко-сценскиот перформанс „Руска романса“.

Учениците со своето учество го збогатија и културниот живот на град Кавадарци: во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци ги одбележаа Денот на Европа со перформанс составен од традиционални детски игри, Европскиот ден на граѓанската правда , Денот на словенските просветители кога свечено беа доделени наградите од распишаниот литературен конкурс за најдобар есеј,Денот на св.Климент Охридски.Во градскиот парк во Кавадарци хорот при Гимназијата изведе неколку композиции по повод одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на одредот Добри Даскалов, во малиот парк „Полана“ Кавадарци наши ученици учествуваа со дел од мултимедијалниот проект „Синкретика“ по повод чествувањето од 100 годишнината на Тиквешкото востание, на културно-стопанската манифестација „Тиквешки гроздобер-2013“, 150 ученици зедоа активно учество во Винскиот карневал кој се одржа на 14 септември.

„Секоја генерација има своја битка„ – беше мото на свеченоста со која СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ на 13 и 14 ноември го чествуваше својот патронен празник.На прославата се изведе театарскиот ораториум„Света песна„.

За сите свои постигнувања и вложен труд следуваа признанија и награди: дводневна посета на Крушево за ученици коишто во месец март немаа направено ниту еден изостанок, бесплатен билет за гледање на филмот „Трето полувреме“,еднодневна наградна екскурзија во Крушево за учениците од II-1 клас коишто минатата учебна година имаа најмал просечен број на изостаноци во месец март, билети за театарската претстава “Свадбата на Фигаро“ во  МНТ како награда за учениците од драмската секција и многу други признанија.

Учениците беа активно вклучени во многу акции кои беа спроведени од организации во градот (хуманитарни акции,акции на Црвен крст,акции за побезбеден сообраќај и др.).

Новата 2014 година ќе донесе 365 дена кои треба да ги исполниме со работа,успеси,лична и професионална среќа.Не очекува напорна работа, но тоа е единствениот пат за градење на вистински вредности.Да ја започнеме годината што доаѓа со многу оптимизам, соработка и искреност.Само така ќе ги почувствуваме благодетите на животот и ќе продолжиме да ја пишуваме успешната приказна- Гимназија„Добри Даскалов„.