Хуманитарна акција на учениците од гимназијата “Добри Даскалов” Кавадарци
Објавено на: 06.12.2023
По повод 3-ти декември – денот на лицата со попреченост и претстојните новогодишни празници по 13-ти пат денеска се организираше хуманитарна акција од учениците од гимназијата “Добри Даскалов” Кавадарци под менторство на професорката Елизабета Иговска и поддршка на директорката Јасмина Чулева во дневниот центар за лица со попреченост.
Активно во акцијата се вклучи ученичкиот парламент под менторство на проф. Наташа Матакова.
Се дониграше андроид лед телевизор, тостер, електронско пикадо, кош и новогодишни пакетчиња. Радоста можеше да се забележи кај сите присутни при предавањето на донацијата.
Новогодишни пакетчиња се донирани и во Мал групен дом во Кавадарци.
Извор: КТВ телевизија