Пред новогодишна посета на дневниот центар во Кавадарци
По повод доаѓањето на Нова Година и Божиќ, средношколците од Гимназијата „Добри Даскалов“ денес беа во посета на дневниот центар за деца со посебни потреби во Кавадарци.
Топлиот простор на дневниот центар за миг го исполнија звуците на флејтата и виолината, и акордите на гитарата, додека лирските стихови и песната ги растреперија детските срца. Нивните лица искрено ја покажауваа неизмерната радост додека танцуваа и ги примаа новогодишните ќесиња.
Колку малку е потребно да се усреќат овие деца и да ја почувствуваат топлината и љубовта. Ова го потврдија учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“, заедно со нивните наставници и директорката Невенка Поп-Ангелова кои со големо задоволство им ја приредија оваа предновогодишна забава.
Овој хуман настан треба да биде добар пример за подигање на свеста на граѓаните за потребите, правата и предностите на децата со посебни потреби.