Едукативна работилница за родители на тема ,,Унапредување на менталното здравје кај адолесцентите преку ефективна комуникација со нив”

На 15.04.2026 година во нашето училиште се одржа едукативна работилница за родители на тема: ,,Унапредување на менталното здравје кај адолесцентите преку ефективна комуникација со нив” во реализација од психологот на училиштето, Душанка Иванова.

Цели на работилницата беа: запознавање со важноста на ефективната комуникација за градење добри релации и позитивна семејна клима, подобрување на комуникациските вештини за унапредување на менталното здравје и раното откривање на евентуални знаци на проблем кој го оптоварува и мачи адолесцентот,  развивање свест за сопствените обрасци на однесување со адолесцентите и совладување на алатки за успешна комуникација со нив.

Родителите во позитивна, стимулативна и пријатна атмосфера ја проследија содржината, активно учествуваа во разговорот и споделија сопствени искуства и размислувања за дадената тема. Изразуваме голема благодарност до родителите кои ја прифатија поканата за учество на работилницата, за покажаниот интерес, активност и конструктивната дискусија, со што планираните цели беа остварени.

Продолжуваме и понатаму како училиште да реализираме едукации за подобрување на психолошките сознанија и вештини кои придонесуваат за унапредување на квалитетот на животот.