I и III место на Светски клуб во аеромоделарство


Објавено на: 01.10.2013

На 28  и 29 септември во Прилеп се одржа меѓународен натпревар по аеромоделарство. Натпреварот е во организација на Воздухопловната федерација на Македонија која е членка на Светската воздухопловна федерација.

Покрај силна конкуренцијаод 15 земји меѓу кои – Данка, Финска, Шведска, Турција, Русија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, БиХ…, на овој натпревар преку Аеро клубот „Витачево“ зедоа учество и освоија награди ученици од нашата гимназија.

Svetski klub na aeromodelarstvo

Дејан Алексов, ученик од IV година при гимназијата „Добри Даскалов“ освои I место на Macedonia  World Cup во категорија F1A јуниори – слободно летечки модели. Мартин Орешков, ученик во II год. освои III место во категорија F1H euro challenge.