Освоена II награда „Ацо Караманов“ на Републичкиот натпревар по македонски јазик и литература


Објавено на: 02.06.2012

На Републичкиот натпревар по македонски јазик и литература, традиционално се доделува наградата „Ацо Караманов“ за најдобар есеј од јазична и литературна тема. Ученичката Рајне Илиевска од III година учествуваше со есеј на тема „Зборообразувачкото мајсторство во поезијата на Гане Тодоровски“ под менторство на проф. Кочо Кочов и и го освои II место. Ова е уште еден успех на полето на пишаниот збор за нашето училиште, кое изминатите години е постојано на врвот меѓу најдобрите и најнаградуваните училишта на овој натпревар.