Презентација за реализираната трета работилница од проектот iOERc од програмата Erasmus+


Објавено на: 24.09.2016

СОУ Гимназија „Добри Даскалов”,  како партнер на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, заедно со Техничкиот Универзитет од Софија, ГУЦ „Здравко Цветковски” од Скопје, Втората Јазична Гимназија од Софија, Гимназијата „Курт Николин” од Финспанг, Шведска, училишта – партнери, од учебната 2015/2016 година започна со реализирање на проект „Интегрирање на електронското учење во училниците”, преку програмата Еразмус+.

Досега беа реализирани две работилници на кои учествуваа професори од нашето училиште, а во периодот од 5 до 9 септември 2016 година се реализира и третата работилница за проектот.

По реализираната работилница во Штип, на 20 септември 2016 година во просториите на Гимназијата се одржа презентација подготвена за реализираната работилница во Штип, на тема: „Integrating E-Learning and Open Educational Resources into Classroom“-iOERc („Интегрирање на електронското учење во училниците“) од програмата на Erasmus+.

2016-09-20 12.18.54

Презентери беа наставниците-учесници во третата раборилница: Благородна Лазова, наставник по информатика, Лоска Давчева, наставник по економски предмети, Мики Камчевски, наставник по историја, Христинка Косовска, наставник по класични јазици и Даница Пецова, наставник по хемија.

2016-09-20 12.18.05

Преку третата работилница се проширија сознанијата во доменот на имплементација на отворените едукативни ресурси, лиценците и авторските права, за користењето на WEB алатки за споделување, како и за методолошкиот/дидактичкиот пристап – предизвици при користењето на ИКТ во училниците.

2016-09-20 12.36.51

2016-09-20 12.25.06

Отворените едукативни ресурски овозможуваат: да се споделува, да се соработува, да се разменуваат материјали и искуства… за да се стане побогат со знаење и, во крајна линија, наставата да стане подинамична и поинтересна за учениците!

На следниот линк можете да ја погледнете презентацијата за реализираните работилници од програмата Erasmus+.