Истражи го светот на програмирањето – Гостување на часовите по програмски јазици


Објавено на: 01.04.2016

Соработката на професорите со учениците не завршува откако тие ќе ги напуштат училишните клупи, па затоа на 01.04.2016 година по иницијатива на професорот по информатика м-р Зоран Милевски, за време на часовите по програмски јазици се одржа предавање на тема „Истражи го светот на програмирањето“ и „Машинско учење и невронски мрежи“ за учениците од IV година – ПМА подрајче.

IMAG0240

 2016-04-01 08.05.24

Предавањето се реализираше во соработка со наши поранешни ученици Дане Митрев и Оливер Орешковски, кои сега се апсолвенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженесрство – ФИНКИ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тие несебично ја прифатија поканата за гостување на часовите по програмски јазици, гостување кое што имаше за цел да им овозможи на учениците од IV година – ПМА подрајче да ги збогатат своите знаења од информатиката и програмирањето и да се информираат за наставните содржини и искуството при студирањето кои што се здобиле гостите-предавачи. Часот го следеше и професорката по информатика Благородна Лазова.

2016-04-01 09.16.41

2016-04-01 09.23.07

Гостите-предавачи, го искористија времето на двата часа по програмски јазици да им презентираат на учениците за тоа што значи да се програмира, кои типови на програми постојат, што значи да се биде инженер – а што програмер, како се креираат реални проекти, што се можат да направат компјутерите, концепт на машинско учење и невронски мрежи и им покажаа на учениците за поврзаноста на материјалот кој што го изучуваат по предметот програмски јазици, како основен концепт при програмирањето и понатамошното надоградување од областа на информатиката и информатичката технологија.

IMAG0232

IMAG0203

IMAG0192

Ваквиот пристап и презентација пред учениците се покажа како интересна идеја, па затоа вакви часови веќе традиционално се реализираат секоја учебна година, па и овојпат се реализира час којшто беше многу продуктивен и целосно ја постигна очекуваната цел. Покрај тоа што гимназијалците ги збогатија своите знаења за наставната единица која што ја изучуваат по предметот програмски јазици, тие ја искористија оваа прилика и да ги прашаат гостите околу некои нејасни прашања за нивното идно запишување на факултет и насоките коишто се нудат и кои се најинтересни. Дополнителни предлози и комуникација ќе се извршува на системот за е-учење Moodle.