Во Гимназијата ,,Добри Даскалов “од Кавадарци oдржан Регионалниот натпревар по биологија за средните училишта


Објавено на: 14.04.2016

На 26.03.2016 година(сабота) во просториите на нашата Гимназија ,,Добри Даскалов” во Кавадарци со почеток во 9:00 часот по трет пат беше одржан Регионалниот натпревар по биологија за средните училишта од нашиот регион. На натпреварот учествуваа 68 ученици од I, II и III и IV година од следниве училишта: СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” од Кавадарци, СОУГ,,Кочо Рацин”од Велес и ССОУ,,Димитрија Чуповски”исто од Велес. Председател на регионалната комисија беше проф. по биологија Богде Коцева од СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов”,а членови на комисијата беа проф. по биологија Елизабета Николовска од СОУГ,,Кочо Рацин”и проф. по биологија и анатомија Мимоза Јовиќ од ССОУ,,Димитрија Чуповски”. На натпреварот присуствуваа и членови од комисијата на Друштвото на биолози на Република Македонија и тоа проф. Сузана Диневска – Ќовкарова(председател) и Велика Темелкова (студент).

DSC 0108

Ученици кои учествуваа на Регионалниот натпревар беа :

Од I година под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска: Филип Костов I-2 ,Марија Трајкова I-3 ,Глигор Ивановски I-3, Цветанка Ташева I-4, Павлинка Ташева I-4 ,Александра Кадрова I-4 и Стефан Летников I-4.

DSC 0109

Ученици од II година под менторство на проф. по биологија Богде Коцева кои учествуваа на натпреварот беа: Елена Ридова II-1, Страшо Наумов II-1, Ристе Мицев II-2, Виктор Велков II-2, Ивана Данова II-3, Ангела Ангелова II-5 и Бојан Ристов II-5.

Ученици од III година под менторство на проф.по биологија Елизабета Иговска кои учествуваа на натпреварот беа: Ѓурѓица Панова III-2,Јасна Манева III-3, Даринка Костадинова III-3, Васил Митревски III-4 и Сава Галабова III-5 .

DSC 0110

Учениците постигнаа солидни резултати, а со тоа се пласираа и на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 23.04.2016 година во Скопје на Природно-математичкиот факултет. Ученици кои се пласираа понатаму се :

  1. 1.Марија Трајкова од I-3 клас Прва награда под менторство на проф.Елизабета Иговска.
  2. 2.Александра Кадрова од I-4 клас Трета награда под менторство на проф.Елизабета Иговска.
  3. 3.Елена Ридова од II-1 клас пофалница под менторство на проф. Богде Коцева.
  4. 4.Васил Митревски III-4 и Јасна Манева III-3 Втора награда под менторство на проф.Елизабета Иговска.
  5. 5.Сава Галабова од III-5 клас пофалница под менторство на проф.Елизабета Иговска.

На учениците им пожелуваме уште подобри резултати на Државниот натпревар и им се заблагодаруваме за нивното учество.