🏆Гимназија „Добри Даскалов“ со претставник во националниот тим за Меѓународната олимпијада по геонауки!

Гимназија „Добри Даскалов“ со претставник во националниот тим за Меѓународната олимпијада по геонауки!

Гимназија „Добри Даскалов“ со претставник во националниот тим за Меѓународната олимпијада по геонауки!

Гимназија „Добри Даскалов“ со претставник во националниот тим за Меѓународната олимпијада по геонауки!

Македонското географско друштво  и оваа година организира  учество на Меѓународната Олимпијада за геонауки (International Earth Science Olympiad 2026), која ќе се одржи во периодот од 20 до 27 август 2026 година во Торино, Италија.

Согласно утврдениот критериум, право на пријава имаат учениците кои освоиле 85 или повеќе поени на државниот натпревар по географија (2026).

Учениците Трајче Шатков, втора година и Благица Петрова ,прва година во СОУ Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци, (ментор Валентина Димитрова) успешно учествуваа на селекциониот натпревар за избор на Меѓународната олимпијада за геонауки.

На натпреварот учениците покажаа високо ниво на знаење, аналитичко размислување и интерес за геонауките, достојно претставувајќи го нашето училиште.

Селекциониот натпревар за претстојната Олимпијада по геонауки се одржа на 22 јуни 2026 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток од 10 часот .

Националната репрезентацијата ќе биде составена од четворица  ученици ( оние кои ги освоиле првите четири места) и двајца ментори/водачи на репрезентацијата. Со особено задоволство известуваме дека ученикот Трајче Шатков, со освоеното второ место на селекциониот натпревар е еден од четворицата ученици  кои се пласираа во националниот тим  кој ќе ја претставува нашата држава на  Меѓународната Олимпијада за геонауки.

На нашиот ученик Трајче, и на целата македонска репрезентација   им посакуваме многу успех на Меѓународната олимпијада за геонауки и достојно претставување на нашата држава.