Со поддршка од Ротари клубот Кавадарци, во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ беа отворени новите кабинети по биологија и хемија, кои значително ќе ги подобрат условите за практична и современа настава.
Оваа значајна донација е реализирана благодарение на претседателот на Ротари клубот, г-дин Тодор Ефремов, како и на сите членови и претставници на клубот, кои со својата поддршка уште еднаш покажаа дека вложувањето во образованието претставува вложување во иднината на целата заедница.
Гимназијата со децении образува генерации ученици кои денес се успешни доктори, професори, инженери, научници и истакнати професионалци во различни области. Новите кабинети ќе им овозможат уште подобри услови на нашите ученици за стекнување на првите практични знаења и вештини.
Оваа донација претставува уште еден доказ за успешната соработка помеѓу училиштето и локалната заедница, како и за заедничката заложба за унапредување на образовниот процес.
Директорот на гимназијата м-р Зоран Милевкси им се заблагодари на Ротари клуб Кавадарци, и најави продолжување на успешната соработка и во иднина, во интерес на учениците и образованието.
