Известување од училиштниот педагог


Објавено на: 12.11.2020

Почитувани ученици и родители,

Најпрво, би сакала сите да Ве поздравам и да Ви упатам благодарност за досегашното активно следење на реализацијата на наставата преку учење од далечина, како и почитувањето на правата и одговорностите кои се содржани во Кодексот за однесување на учениците при реализација на онлајн наставата.

Со оглед на тоа што и оваа учебна година продолживме со учење на далечина, учење од дома, поради пандемијата со коронавирусот – Ковид-19, нашата комуникација и активности, во најголем дел ќе останат да се реализираат со помош на средствата за масовна комуникација.

Па затоа, Ве потсетувам дека доколку имате било какви прашања, нејаснотии и дилеми поврзани со воспитно-образовниот процес и секојдневниот живот, контактирајте ме на мојата e-mail адреса: jasminka_ivanova@yahoo.com.

Заемната соработка и комуникација ќе биде од голема корист за подобрување на квалитетот на наставниот процес, како и за постигнување повисоки цели и резултати, посебно во услови на пандемија од Ковид-19.

Се надевам дека и оваа учебна година ќе покажете активност, знаење, вештини и способности кои ќе Ви донесат солиден успех. Ве охрабрувам и Ви давам целосна поддршка и помош за реализација на наставата преку учење од далечина.

Ви посакувам да останете здрави, добри и со успех да ги исполнувате Вашите училишни и работни задачи и обврски.

Имајте добро здравје и почитувајте ги мерките!

 

Со почит,

Јасминка Ризова – училиштен педагог

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци

 

Датум: 12.11.2020 година