Контакт семинар во рамките на програмата Леонардо да Винчи


Објавено на: 05.09.2012

Во периодот од 3 до 10 јули, директотката на гимназијата, Невенка Поп-Ангелова престојуваше во Бирминген, Велика Британија на контакт семинар во рамките на програмата Леонардо да Винчи по претходна апликација во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На семинарот присуствуваа 62 учесници од 20 земји од Европа, а Р.Македонија ја претставија 4 учесници-директори на три државни и едно приватно средно училиште.

Birmingham_1 Секој од учесниците на семинарот со презентации, флаери и национална храна ја претставија земјата од која доаѓаат, а потоа следуваа презентаци и работилници за развивање на проект-идеја, работа на заеднички проекти,размена на искуства со сите учесници на контакт семинарот.

Директорката Поп-Ангелова остварила значајни средби со учесниците на семинарот, но и договор за мултилатерална соработка на полето на компјутерските науки, музиката, спортот…

Birmingham_2

Следен чекор е вклучување на професори од средните училишта во реализацијата на започнатите идеи, работа на заеднички проекти и целосно реализирање преку размена на ученици и професори меѓу земјите учесници на семинарот.

Сметам дека соработката со Националната агенција за европски образовни програми е успешна и во иднина ќе продолжи со аплицирање и реализирање на нови проекти преку останатите програми кои ги нуди агенцијата.

Birmingham_3

Нашето училиште е секогаш отворено за соработка,ги следи современите текови, ги имплементира сите новини кои влијаат на подобрувањето на наставниот процес, достојно се претставува на сите државни и меѓународни натпревари, а од септември се вклучува во заеднички проекти со средни училишта од 7 европски земји.

Birmingham_4