Свечено доделување на дипломите на матурантите


Објавено на: 05.09.2012

Свеченото доделување на дипломите на матурантите беше на 14 август 2012 година во спортската сала „Јасмин“ Кавадарци со присуство на родители, наставници и други гости. На свеченоста беа присутни и локалните медиуми. Целата идеја на ваквиот чин беше на учениците, односно ученичката заедница со целосна поддршка од училиштето и Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Александар Панов.

Diplomi_maturanti_1

Оваа година за прв пат матурантите и предметните наставници за матурското табло се фотографираа со специјално изработени свечени наметки и капи на кои беше навезено логото на гимназијата.

Diplomi_maturanti_2

Diplomi_maturanti_3