Мајкл Георгиевски освои бронзен медал на Меѓународната олимпијада по физика во Токио


Објавено на: 17.07.2023

Мајкл Георгиевски го постигна својот најголем успех на Меѓународната олимпијада по физика IphO 2023 која се одржа во Токио Јапонија освојувајки бронзен медал. На овој престижен натпревар кој се одржа од 10 јули до 17 јули  учествуваа тимови од цел свет.

Мајкл Георгиевски гордоста на Гимназијата ,,Добри Даскалов,, од Кавадраци достојно ја претстави нашата држава на овој натпревар на кој учествуваат само најбрилијантните умови !

Честитки до Мајкл и да му посакаме и понатаму да се стекнува со награди и признанија!

Еве го и тимот кој ја преставуваше Македонија и освоените награди на IphO 2023  :

Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци – бронзен медал,

Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје – бронзен медал,

Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје – пофалница

Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко – информатичка гимназија – Скопје пофалница.

На оваа олимпијада во тимот учествуваше и достојно го покажа своето знаење и

Кристијан Шишкоски, ученик во четврта година во Св. Климент Охридски – Охрид.