Мајкл Георгиевски продолжува со своите успеси со освоениот сребрен медал на Европската олимпијада по физика


Објавено на: 20.06.2023

На 20 јуни 2023година во Хановер Германија заврши седмата Европска Олимпијада по физика (EuPho2023) на која учениците од Македонија го покажаа досега најголемиот успех освојувајки два сребрени медали, еден бронзен медал и една пофалница.

Мајкл Георгиевски ученик во Гимназијата ,,Добри Даскалов” освои сребрен медал.

Честитки за освоениот медал на Мајкл и на останатите ученици кои достојно ја претставуваа Македонија на  овој престижен натпревар !

На Европската Олимпијада учество зедоа 38 држави и тоа 28 од Европа  и 10 држави надвор од Европа.

Еве го и тимот кој ја претставуваше нашата Држава:

  1. Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје, сребрен медал
  2. Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци, сребрен медал.
  3. Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко – информатичка гимназија – Скопје, бронзен медал
  4. Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје, награда за успешно учество (пофалница)

 

Овие ученици воедно се и дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на 53.Меѓународна олимпијада по физика во Токио Јапонија IphO2023 која ќе се одржи следниот месец.

Да им посакаме уште поголеми успеси на сите ученици а посебно на Мајкл Георгиевски гордоста на нашата Гимназија !