Медиумски ден


Објавено на: 10.12.2018

Во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста заедно со средношколскиот весник „Медиум“, на 05.12.2018 се одржа четвртиот по ред Медиумски ден за средношколците од Македонија на кој учествуваа и нашите ученици од втора година.

Учениците ги посетија просториите на радио „МОВ“, весникот „Нова Македонија“ и „ТВ 21“ запознавајќи се со важноста на новинарството и влијанието на медиумите врз секојдневниот живот на луѓето и општеството. Вработените ги запознаа учениците со историјата и целта на својот медиум како и негативните последици на лажните вести. 

Учениците имаа прилика да зборуваат на радио, да даваат интервјуа, а исто така беа и во улога на ТВ водители.

При посетата на медиумите новинарите им пренесоа љубовта кон својата професија на учениците надевајќи се дека можеби еден ден токму тие ќе станат нивни колеги.

47358327 207182290184714 31629

47379498 563821337397756 89463

47688169 770536209947620 56062

47378646 2183332518601751 1903