Photo 4-10-18 07 52 38

Моќта на програмирањето – предавање на час по програмски јазици од студенти на ФИНКИ

Соработката на професорите со учениците не завршува откако тие ќе ги напуштат училишните клупи, па затоа на 10.04.2018 година по иницијатива на професорот по информатика м-р Зоран Милевски, за време на часовите по програмски јазици се одржа предавање на тема „Intro to Data Science “ за учениците од IV година – ПМА подрајче.

Предавањето се реализираше во соработка со наши поранешни ученици, сега студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженесрство – ФИНКИ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Душко Клинчаров и Горан Митров, сега студенти во трета година несебично ја прифатија поканата за одржување на еден заеднички час кој што имаше за цел да им овозможи на учениците од IV година – ПМА подрајче, да ги слушнат споделените исуства од гостите кои пред многу краток период биле матуранти.

 Photo 4-10-18 07 52 38

Photo 4-10-18 07 16 54

Душко и Горан се и Демонстратори по предметите: структурно програмирање, објектно-ориентирано програмирање, оперативни системи, вовед во информатика на ФИНКИ. За минатата година тие добија ПРИЗНАНИЕ за особено постигнат успех за завршена II година и тоа Горан со просечен успех 9.91 и Душко со просечен успех 9.55.

Гостите-предавачи, го искористија времето на часот по програмски јазици да им презентираат на учениците за тоа што значи да се програмира и им покажаа на учениците за поврзаноста на материјалот кој што го изучуваат по предметот програмски јазици, како основен концепт при програмирањето, со осврт на моментално актуелните поими како IoT – Internet Of Things, Big Data, Databases, Data Warehouse, Бизнис интелигенција и Податочно рударење.

Photo 4-10-18 07 22 49

Photo 4-10-18 07 51 52

Photo 4-10-18 07 53 38

Ваквиот пристап и презентација пред учениците се покажа како интересна идеја, се реализира час којшто беше многу продуктивен. Покрај тоа што слушателите ги збогатија своите знаења за тоа која е моќта на програмирањето, за наставната едница која што ја изучуваат по предметот програмски јазици, тие ја искористија оваа прилика и да ги прашаат гостите околу некои нејасни прашања за нивното идно запишување на факултет и насоките коишто се нудат и се најинтересни.

Дополнителни предлози и комуникација ќе се извршува на системот за е-учење Moodle.

Презентацијата можете да ја погледнете во прилог…

 kratko-info