Посета на осигурителна компанија во рамките на предметот Практична настава


Објавено на: 18.04.2018

Во рамките на наставниот предмет Практична Настава со предметниот наставник Татјана Ралевска учениците од клас II-7 при СОУ “Добри Даскалов” – Кавадарци, на ден 16.04.2018 година ја посетија Осигурителната компанија “Евроинс” со експозитура на територијата на Општина Кавадарци. Агентот за осигурување Гордана Зимоска детално ги запозна учениците за дејствијата поврзани со патничкото осигурување, за осигурување на моторните возила, за осигурување од штети причинети од елементарни непогоди. Акцентот во нејзиниото излагање го стави на Европскиот записник кој е воведен пред 5 години за побрзо и поекономично надоместување на штетата причинета од сообраќајна незгода. Учениците знаењето го дополнија со разгледување на полиса за осигурување на моторно возило.

30422056 876052652578835 823890343 n

30429666 876052625912171 284778969 n