На 29.06.2020 година во просториите на нашата Гимназија од страна на директорката на училиштето Невенка Поп-Ангелова им беа врачени дипломите на учениците кои се истакнаа со посебни активности и награди, за генерацијата 2016/2020 . На сите ученици им беа дадени дипломи и монографија за Гимназијата „Добри Даскалов“. На ученикот на генерација Анастасија Иловска од IV 2 клас и беше подарен и рачен часовник а на ученичката Бранкица Несторова лидер во струка од IV 7 и беше доделен таблет.
На средбата покрај учениците присуствуваа и класни раководители кои со огромно задоволство и чест неуморно го следеа нивниот успех во изминатите четири години.
При доделувањето на дипломите строго се почитуваа упатствата и правилникот за заштита од вирусот COVID -19.
На средбата, учениците, наставниците и директорката уште еднаш со радост, задоволство и насмевка на лицата ги споделија моментите поминати во средношколското образование, постигнатите прекрасни резултати, добиените награди, афирмирањето на училиштето и успехот на секое поле. Овие млади луѓе имаат јасна цел и визија, пат кој е различен на секој од нив, но со точно определен правец по кој неуморно ќе се движат. Искрените желби и од срце посакуваниот успех за во иднина им беше пренесен на учениците од страна на директорката и секој наставник.
Среќни сме што имаме такви ученици кои еден ден ќе бидат успешни лекари, правници, програмери, инжинери, професори, но пред се добри и чесни луѓе, со искрена желба за работа и успех.
Им посакуваме уште еднаш многу здравје, среќа и успех на сите наши ученици во Нашата Гимназија „Добри Даскалов“.