На 23-ти Април 2026 во просториите на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци се одржа Хакатон – Бизнис предизвик за средношколци 2026 – Future Business Challenge на тема„Build the Business of Tomorrow“ кој обединува 12 училишта и над 900 ученици низ целата држава. Настанот се организира во соработка со Heidelberg Business School –Heidelberg Faculty of Skopje, НЛБ Банка АД Скопје и Element PR подржано од директорот на гимназијата м-р Зоран Милевски и професорките по иформатика Благородна Лазова и Наталија Камчева. Тука имаа можност да учествуваат 40 наши ученици од трета и четврта година групирани во тимови од 4-5 члена.
Во рамките на овој хакатон средношколците работат на реални и предизвикувачки теми со цел да се поттикнат младите да размислуваат како вистински иноватори и да продолжат да го градат својот предприемачки дух.
Победничкиот тим од ученици Гордана Клинчарова IV-4, Габриела Бошкоска IV-4, Ана Лазароска IV-4, Мартин Николов IV-4, Ристе Поповски IV-4 клас ја доби главната награда сертификат и вредносен ваучер од 18 000,00 денари и заедно со тимот од ученици Зоран Наумов III-2, Васко Ѓорев III-2, Кирил Биков III-2 клас продолжуваат во големото финале.
Сите ученици се стекнаа со големо искуство во оваа област.














