Нашите ученици во посета на Локална Самоуправа Кавадарци


Објавено на: 20.12.2017

На ден 18.12. 2017 год, учениците од клас II-7, при СОУ “Гимназија Добри Даскалов” од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет “Практична Настава” со предметниот наставник Татјана Ралевска ги посетија просториите на Локална Самоуправа- Кавадарци каде имаа можност да се запознаат со дел од дејствијата поврзани со архивската граѓа при Локална Самоуправа- Кавадарци. Учениците остварија и средба со Градоначалникот на Општина Кавадарци Господин Митко Јанчев на која средба разменија мислења и ставови за тековниот наставен процес.

Poseta-Opstina-Kavadarci