Нашите ученици во посета на Собранието на Р.Македонија


Објавено на: 20.12.2017

Ученици од СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци од Економско правна и трговска струка на 15.12.2017 година своите теоретски знаења за демократија ги надополнија со карактеристиките на парламентарната демократија, историските датуми и настани од модерниот развој на македонскиот парламентаризам.

Парламентарниот институт при Собранието на Р. Македонија ги покани нашите ученици и менторот Александра Ристова активно да земат учество на семинарот „Демократијата и Собранието“ и низ практични вежби, игри, дебата, дијалог и видео проекции ги проширија знаењата за работата на Собранието, изборот на народните претставници и донесувањето на законите.

DSC 0885

Преку организираната обиколка на најрепрезентативните простории се запознаа со просторот во кој работи Собранието на РМ.

Заложбата на училиштето и директорката Невенка Поп-Ангелова учениците по највисоки стандарди и практично да го заокружат своте знаење доведува до врвно кариерно постигање на нашите ученици.

DSC 0869

 DSC 0920

DSC 0872

25593091 10209933572046838 1543571978 o