Нови успеси на полето на музичката уметност

На XXIV Државни смотри на хорско пеење кои традиционално се одржуваат во Кавадарци, хорот при гимназијата „Добри Даскалов“ под менторство на проф. Златко Смилевски го овои I место со 98 поени. Извонредната инерпретација на композициите уште еднаш го задоволи вкусот на стручното жири и многубројната публика во Домот на културата.

Оркестарот при гимназијата „Добри Даскалов“ под менторство на проф. Драган Вељковиќ на Републичкиот натпревар кој се одржа во Велес го освои I место и со тоа докажаа дека иако не сме музичко училиште на полето на музичката уметност веќе неколку години по ред сме на врвот и ги освојуваме највисоките награди и признанија.