Oдржана обука во форма на тренинг – симулација на тема „Визии и желби за Европа: модел на иднината на Европа“


Објавено на: 14.05.2015

Во периодот од 07-09 мај 2015 година во просториите на Гимназија Добри Даскалов се одржа тренинг-симулација на тема „Визии и желби за Европа: модел на иднината на Европа во организација на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Вилфрид мартенс Центарот за европски студии од Брисел и CIVIC Институтот за меѓународно образование од Германија во која земаа учество 46 ученици од нашето училиште под менторство на професорите Славе Попов и Наташа Матакова и со целосна подршка на Директорката Невенка Поп-Ангелова.

004

Тренинг-симулацујата  на тема „Визии и желби за Европа: модел на иднината на Европа“ има за цел да одговори на желбите, на визиите за Европа, каква таа треба да биде во блиска иднина од гледалиштето на средношколците. Земајќи ги во предвид комплексноста и разновидноста на Југоисточна Европа и заедничката цел за интеграција во ЕУ, семинарот имаше за цел од една страна да се доближат учесниците поблиску до институциите на Европската Унија, а од друга страна да им се даде можност да се запознаат со нивните соседи, да разменат искуства, да дознаат што ги поврзува едни со други стремејќи се кон заедничка иднина. Симулацијата се занимаваше со формалниот процес на преговори за пристапување меѓу земјите кандидатки, актуелни членки на ЕУ и институциите на ЕУ. Целта е да се појаснат институционалниот дизајн  на ЕУ со своите специфични процеси на донесување одлуки и различните интереси и позиции во амбициозниот проект на проширување на унијата.

006

Симулацијата беше официјално отворена од страна на претставникот на  фондацијата Конрад Аденауер, г-дин Јоханес Д. РЕЈ и претставување на тренерите Иван Јованов, Зорица Велковска, Марија Василевска и Сандра Кољачкова.

008

Учениците беа вклучени во симулацијата како активни учесници во политичкиот процес при што добија можност преку развивање на сопствени визии за регионот, како и за Европа во целина да ги истакнат своите ставови. Учениците добија фиктивни стартни позиции за времетраењето на симулацијата, превземаа активна улога како членови на Европскиот парламент и на Европската комисија, министри на земјите на ЕУ-земји членки, претставници на земјите кандидат или претставници на медиумите. Со заземање на ставови и позиции на специфични интереси, тие имаа можност да стекнат подобро разбирање на процесите и случувањата во Европската Унија. На тој начин преку учеството во симулацијата учениците добија повеќе информации за начинот на работа на институциите на Европската Унија и процесот на донесување одлуки. Учениците со голем интерес и задоволство учествуваа во оваа обука и стекнаа уште поголеми искуства за вредностите на Европската Унија.

010