Систем за е-учење, Moodle


Објавено на: 30.09.2010

На почетокот од оваа учебна 2010/2011 година, точно на 1. септември, 11 наставници од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ започнаа да следат обука за користење на нов систем за е-учење.

moodle

Обуката за е-учењеMoodle беше организирана во Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, додека предавањата ги водеше м-р Зоран Здравев.

Според потпишаниот Меморандум за билатерална соработка ова е само еден од низата проекти коишто ќе следуваат помеѓу УГД и нашето училиште.

На стартот во овој проект ќе бидат вклучени помал број ученици, додека со текот на времето постепено ќе се вклучуваат и останатите наставници и ученици.

Е-учење, всушност, претставува виртуелна електронска алатка за учење, која во одреден дел го заменува и потпомага стандардното учење. Овој систем овозможува креирање на курсеви по наставни предмети, поставување материјали за учење, распоред на активности, форуми, образовни содржини, многубројни алатки за комуникација и од 24/7 ќе има интеракција ученик-ученик и ученик-професор.

Во напредната и современа апликација Moodle, корисничка сметка и пристап кон креираните предмети во блиска иднина ќе има секој ученик на гимназијата којшто ќе може да ја користи од било кое место, во било кое време, независно дали е на училиште или дома.