Одбележан денот за заштита на животната средина


Објавено на: 25.06.2018

На 5 јуни 2018 година беше одбележан „Денот за заштита на животната средина“ организиран од страна на еколошкото здружение „Еко-живот“ од Кавадарци.

На овој настан учествуваа ученици од основните и средните училишта од нашиот град. Беа организирани различни еколошки активности, собирање на сметот околу брегот на Тиквешкото Езеро, пишување на еко пораки и други.

Photo 6-8-18 19 36 30 1

На овие еко активности учествуваа учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ под менторство на Богде Коцева,професор по биологија и Соња Иловска наставник по биологија од ОУ „Тоде Хаџи-Тефов “од Кавадарци. Учениците беа од од II- 2 клас и тоа : Иловска Анастасија, Илова Ана, Мустеникова Наташа, Панова Љубица и Јосифовска Симона. Нашите ученици заедно со учениците од основните училишта активно се вклучија во задачите и активностите кои беа предвидени од организаторот.

За учеството и активностите учениците се здобија со пофалници , а исто пофалница доби и Гимназијата за подршката и учеството на овој ден.

Photo 6-8-18 19 36 30