Одбележување на патрониот празник на училиштето – Спортски настан


Објавено на: 23.11.2019

Активот по Спорт и спортски активности при СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов”  во соработка со неколку ученици од III година(Даниела Атанасова, Владанка Аврамова, Благоја Колев и Миа Маневска) организираа настан во кој беа вклучени повеќе од 100 ученици од сите четири години. Целта на настанот беше промоција на здрав и активен живот преку презентирање на танцот cha-cha-cha и неколку аеробик вежби, пропратени со музика. Настанот се одржа во училишната спортска и беше гледан од повеќе гости присутни на одбележувањето на патрониот празник на училиштето.