Одржан Државниот натпревар по биологија


Објавено на: 26.06.2021

На 26.06.2021 година на Институтот по Биологија при Природно-математичкиот Факултет во Скопје, по осми пат се одржа Државниот натпревар по Биологија.

Како и секоја година и оваа година учествуваа учениците од нашата Гимназија „Добри Даскалов“. Иако учебната година веќе е завршена учениците продолжија и понатаму со својата желба и работа. Тројца учесници беа пласирани на овој натпревар под менторство на професор Богде Коцева и ги постигнаа следниве резултати:

  1. Томе Ѓондев од I-3 клас –Прва награда
  2. Благој Трајков од III-3 клас – Трета награда
  3. Ивана Илова од I-5 клас – Пофалница

На учениците им го честитаме постигнатиот успех и им посакуваме да продолжат со нивната амбиција, упорност и ентузијазам  и во иднина.

Горди и среќни сме што имаме ученици кои со својот труд и успех уште еднаш покажаа дека и во вонредни услови пречки не постојат  за да се остварат  поставените цели.