Одржан државниот натпревар по математика
Објавено на: 28.02.2013
На ден 27.02.2013 година (среда) се одржа државен натпревар по математика за избор на најдобриот тим кој ќе ја претставува Република Македонија на „Светскиот ден на математиката“.
Во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, во пресрет на одбележувањето на 6 март – Светски ден на математиката, се одржа квалификациониот натпревар по математика, во организација на Приватното средно училиште Алгоритам Центар, а под покровителство на претседателот Иванов.
Претставници од нашето училиште на натпреварот беа ученичките од IV година Ирена Трајкова и Маја Велковска (кои се пласираа меѓу најдобрите 90 од целата држава) заедно со директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова и проф. по математика Соња Попова.
За државниот натпревар биле селектирани најдобрите 120 ученици од пријавените 2000 кои досега имале точно одговорено на повеќе од 7 милиони задачи за време на подготовката за натпреварот. Учениците кои учествувале на натпреарот биле од училишта од целата држава, а истиот се состоел од решавање математички задачи и проблеми по електронски пат. На овој натпревар учесниците се соочииле со голем научен предизвик, кој претпоставува брз и ефикасен начин на решавање на задачите, но и одмерување на знаењата во областа на математиката со непознати противници одбрани по електронски и случаен пат.
Повеќе информации за настанот можете да погледнете на официјалниот сајт на претседателот на овој линк и на сајтот на Гимназија Алгоритам од Скопје на овој линк.