Учениците го посетија храмот Св. Димитрија


Објавено на: 01.03.2013

На 21.02.2013 г. учениците од I година во рамките на наставниот план и програма по предметот македонски јазик и литература и изучувањето на Хибрејската литература, заедно со професорката Гордана Еленова го посетија христијанскиот храм Св. Димитрија.

Фотографија1348

Од страна на свештеното лице отец Томо на учениците им беше објаснета појавата на Библијата како Свето писмо на христијаните, значењето на евангелијата од Новиот завет и нивното правилно толкување.

Фотографија1353

На овој начин учениците го проширија своето познавање за Хибрејската литература и успеаја подобро да ја разберат содржината на Библијата и да сфатат зошто зборникот бил инспрација за многу познати светски писатели кои во своите дела опфаќаат библиски теми.

Фотографија1354